Земјоделско-Сточарски развој од 1945 до денес

0
229

 *Економските прилики во годините по втората светска војна во Илинден(поранешно с.Белимбегово и другите околни села) биле на многу ниско ниво. Единствена гранка која имала широка распространетост, и со која се занимавало целото население, била земјоделието и сточарството.

 Во 20-те години од минатиот век во Илинден се доселило чешкото семејството КАЛКУС,семејство кое донело до тогаш невидено за наши прилики новини во  земјоделско-овоштарско и живинарско производство.

Сепак семејството Калкус најголем белег оставиле  со новоформираната живинарска фарма за кафезно одгледување на кокошки.

БРАЌАТА ВЛАДИМИР,АНДРЕЈ И ЉУДМИЛ КАЛКУС ДОСЕЛЕНИ ВО ИЛИНДЕН ОКОЛУ 1920 ГОДИНА

Оваа  живинарска фарма, која егзистирала до 1948 година, меѓу населението била позната како „птицеводна станица“. Во оваа година, за време на насилното и сурово спроведуваната колективизацијата, целиот имот на фамилијата Калкус бил конфискуван од страна на тогашната Југословенска држава. Набргу потоа, одземената фарма станала државна сопственост.

 Во март 1945 г. во с. Илинден била формирана првата македонска лозаро-овоштарска кооперација “Илинден” – Белимбегово.

По растурањето на колективите, на територијата на Илинден биле формирани земјоделски задруги во Илиден ,Кадино,Миладиновци-Бујковци и др. “, земјоделско-сточарско стопанство “Први Мај”, живинарска фарма и други стопански субјекти.

Задругите  биле формиран основна дејност била да врши услуги, откуп и снабдување на населението со основни прехранбени продукти. Во склопот на Задругите биле отворени продавница за прехранбени производи и други потреби за месното население, позната меѓу населението како  „кооперација“

Земјоделските задруги биле раководени од зедничко тело познато како Задружен совет, во кое членувале и земјоделци од селото.

Првиот трактор во задруга Санде Георгиевски,Ацо од Марино ,Багоја Секуовски и други качени на тракторот

Со први трактори земјоделската задруга „Македонија“од Илинден се снабдила во 1958 година.

Задругите дејствуваа се до 90- те години, потоа ги снајде истата судбина како и останатото стопанство ,со преструктуирањето на стопанските субјекти.

Во 1990 година Задругата западнала во долгови и не можела самостојно да се одржува. Затоа била дадена на продажба и била купена од ЗПЗ “Напредок” од Скопје.

Покрај оваа Земјоделските задруги, во 1954 било формирано посебно Земјоделско стопанство под името “1-ви Мај”. Во составот на стопанството влегол најголемиот дел од имотот на поранешните(СРЗ) селски задруги од Илинден и околните села.

. Највеќе се одгледувало пченица и јачмен, а подоцна се започнало и со сеење на ориз во месноста викана “Чукур”.

 Оризот се сеел од 1955 до 1960 година,а со оглед на тоа што за негово производство била поребна многубројна работна сила и по нколку години истото производство било напуштено.

 Се одгледувале и градинарски производи зелка ,пипер ,бостан ,а особено патлиџани . Првите трактори Стопанството ги купило во 1956 година. Во наредните години се набавиле вршалки и повеќе запрежни коли, потоа еден камион марка “Прага” и еден автобус за превоз на вработените од и кон Скопје.

 Покрај со земјоделство, Стопанството се занимавало и со одгледување на крави и коњи. Најпрво била изградена фарма за крави, како и штали за коњи. Вкупно се одгледувале околу 150 крави. Собраното млеко се носело во конзумната млекара во Маџари каде што се произведувале разни видови млечни производи, кои се пласирале на пазарот во Скопје. Покрај стопанството и речиси сите жители од Илинден во тој период одгледувале особено крупен добиток крави,биволи,коњи ,свињи и живина кокошки,шатки ,гуски мисирки и друго. Секоја куќа се чувале најмалку по 40 -тина овци.

Еден од првите трактори во стопанството 1-МАЈ

 Во крајот на шееесеттите години Земјоделското Стопанство “1-ви Мај” се соединило со лозарство “Арачиновски Рид” и со Земјоделското стопанство во с. Трубарево во посебен стопански субјект под името ЗС “Илинден”. Во таква форма постоело сé до почетокот на седумдесеттите години, кога ова земјоделско стопанство било присоединето кон новоформираниот ЗИК “Скопско Поле”. Интересено е да напоменеме дека на територијата на Илинден егзистираше и најголемата живинарска фарма за производство на јајца во Македонија ,па и тогашна Југославија под името „Белимбегово“

Работници во стопанството -доселени од Егејска Македонија

Во новата фарма нашле вработување многу жители од Илинден и од околината, но и голем број на бегалци од Егејска Македонија.Во периодот од 1950 до 1990г.

Живинарската Фарма се разви до тој степен, што стана синоним за производството на јајца и живина на територијата на тогашната држава Југославија.

По пропаѓањето Комбинатот ЗИК Скопско Поле,пропаднаа и сите негови погони кои делуваа на нашата територија како 1-ви Мај,Лозарството,Живинарската Фарма ,Сточарските Фарми и др.

Извесен период Живинарската Фарма продолжи самостално да дејствува после распадот на ЗИК Скопско Поле , но поради  поради неправилната трансформација и недомаќинското работење на новите сопственици, фармата престана да работи и беше затворена.

Треба да кажеме и тоа дека поголемиот дел од вработените во фармата биле жители на Илинден.

По пропаѓање на  Живинарската фарма „Белимбегово“, дел од нејзините вработени своето знаење од оваа област вешто го искористиа, отварај ќи свои производствени капацитети и пополнувајќи го празниот простор во живинарското производство. Но, сепак, дел од нив, во наредниот период пропаднале, додека дел, опстанале.

 Денес, овие фирми, како по квалитет, така и по квантитет, полека но сигурно стануваат препознатливи во Македонија, пополнувајќи го испразнетото место на поранешната живинарската фарма „Белимбегово“.

 Дел од тие фарми, кои успешно се пробиваат на македонскиот и балканскиот пазар, и кај кои производството се развива со примена на најсовремените услови за одгледување, се живинарските фарми „Фреш-Фарм“ и „Ким-Ком“,фармата во Кадино,Марино и др.

. Тие денес успешно стопанисуваат и се рамноправен партнер во силната конкуренција на пазарот. Во почетокот, со овие фарми раководеа со „Фреш Фарм- Велиновски Мичо-Методија и Борче Кимовски со „Ким –Ком“, кој, со тект на време, стана успешен семеен бизнис. Затоа, денес, тие се големи стопански капацитети од областа на живинарството, а нивните производи, според квалитетот, се препознатлив бренд за здрава еколошка и квалитетна храна, барана не само во Скопје, туку и пошироко.

Во 2006 година во Илинден започна со работа компанијата со производство, преработка и дистрибуција на свежо свинско месо под назив „Атанасовски“, сопственост на фамилијата Атанасовски од Населба Илинден.

Треба да напоменеме дека најголемиот дел од месното население во Илинден, покрај редовното вработување во општествениот сектор во Илинден и во Скопје, се занимавало и со земјоделско – сточарско производство. Но за жал, денес овие производи скоро и да ги нема на полињата во населба Илинден.

Вршачка погонувана преку каишница од трактор

Првите вршачки машини на парен погон во Илинден биле донесени во доцните педесетти години од минатиот век. Тие, за тоа време, биле модерни машини кои макотрпната и повеќедневна вршидба со коњи и волови ја скратило на минимум. Но поради нивна гломазност и проблем за пренос од место до несто и затоа што сламата била користена за погонскон гориво истите биле напуштени.

. Подоцна, во 1957 година, во Илинден биле донесени и вршачки погонувани од трактор преку долга каишница. За разлика од претходниот тип, овие биле многу попрактична, затоа што тракторот како подвижен, за разлика од статичниот строј на парната машина, бил ревулуционерно откритие за тоа време. Но, и овој начин на вршидба не се задржал долго време.

Првата комбајна во Задруга , а на неа Диме Пиичковски,Драган Роглев и Пеце Рикевски

Со појавата на комбајните, кои истовремено жнееле и вршеле, сите овие вршалки заминале во историјата. Во почетокот, кога започнала употребата на комбајните, имало семејства во Илинден кои и овој иновативен начин на вршидба не сакале да го прифатат.

 Преед да дојдат комбајните жетвените работи се извееувале рачно со срп,честа била глетката млади мајки на жетва да одат со колепка на главата и дете во неа, или, пак, како го дои детето под импровизирана сенка од снопови жито. Домаќинот на куќата бил предводник на жетвата и на постата (простор опфатен со почетокот на жетвата), а по него, според возраста, се ределе и останатите жетвари.

САНДЕ ДОНЧЕВСКИ ВРШИ ЖИТО НА ГУМНОТО ВО СВОЈОТ ДВОР

По донесување на снопјето жито на претходно подготвеното гумно, започнувало вршењето на житото со коњи или друг добиток. Притоа, добитокот, со трчање во круг, ја газел и ситнел сламата и го издвојувал зрното од сламата.

До земјотресот во 1963 година, во Илинден многу било развиено сточарството. Немало фамилија која не чувала крупен и ситен добиток и живина. Причина за тоа биле поволните услови и доволниот број на селски пасишта, на ливади и друго. Се произведувало доволно храна и сточарски производи не само за фамилијата, туку и за на пазар

ТРПЕ ЏИКОВСКИ Е МЕЃУ ПРВИТЕ КОЈ НАБАВИ ПРИВАТЕН ТРАКТОР ВО 1964 г.

. Околу 1964 година, во Илинден се појавија првите приватни трактори, по што започна современиот процес на обработка на земјата. Меѓу првите кои имаа приватни трактори биле: Трпе Павловски (Џиковски), Миле Митровски, Цветко Петрушевски (Дончевски), Бане Трајковски (Шкодрев), Аце Ѓорѓиевски (Пиличковски) и др.

Тоа беше накратко искажан пресек на земјоделко-сточарскиот развој во минатото.

Денес земјоделско-сточарскиот развој и,односно опстојување на оваа гранка со искучок на неколкуте живинарски фарми е целосно е во стагнација ,односно речиси и веќе и да е заменет со друг индустриско-економскиот развој.

Поточно сите површини на поранешни  горенаведените погони се пренаменети во развој на индустриски и стандбени  зони каде има изградено стотици индустриски и стандбени капацитети.

Припремил:Драги Ангеловски

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 Декември
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 Декември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука