ПРВА ПРОТИВ ПОЖАРНА СЛУЖБА НА СКОПЈЕ.

0
123

Првата противпожарна единица за гасење на пожарите во старо Скопје  била формирана кон почетокот на 20 век и била лоцирана на Кале.

Известување за избувнување на пожар се праќало со пукање на топ од Кале и тоа со едно пукање се известувало дека пожарот е на левата страна на Вардар, а со две пукања дека пожарот е на десната страна на Вардар.

Службата прво била опремена само со кофи за вода и две рачни пумпи, за подоцна да се набават прво цистерни со воловска запрега, па потоа камиони со кои се можело да се стигне брзо до сите локации во градот.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-30 СЕПТЕМВРИ
Следната статија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука