
*24 јули 1957 година во Прилеп умрел М. А. Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умре како маченик, а рехабилитиран е во октомври 1990 година. Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година.
Поради неговата функција претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто често се именува и како прв Претседател на Македонија.

*24 јули 1923 година, Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишале Лозанската декларација, врз основа на која било извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и обратно на муслиманското население од Грција во Турција. Со оваа декларација најмногу на удар беа Македонците, зашто со размената на население во голема мера е изменет националниот состав на населението во Егејска Македонија, на штета на Македонците.

*24 јули 1944 година, на врвот Лисец на планината Плачковица која е расположена меѓу Виница и Радовиш, е формирана ЧЕТВРТАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА.
Бригадата е формирана од Плачковичкиот партизански одред, од делови од Втората и Третата македонска бригада и од новопристигнати партизански борци.
Прв командант на бригадата бил Борис Милевски, кој подоцна ќе го замени новиот командант Никола Пеев – Груев.
Бригадата водела борби против бугарските фашистички сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на планината Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август).
Македонските партизани од Четвртата бригада после борбите со германските сили ја ослободиле Струмица (9 септември), по што бригадата ќе влезе во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по линијата Струмица – Берово (22 септември – 3 октомври 19444).
Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на линијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, а ќе учествува и во борбите за ослободување на Кочани.
Бригадата продолжила да опстојува се до конечната победа против фашизмот, во мај 1945 година.

*2016.- Починал Димитар Мирчев, македонски универзитетски професор, професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности во Одделот за општествени науки, право и економија. Мирчев бил поранешен амбасадор на Македонија во Словенија и нерезидентен амбасадор во Ватикан, а извршувал и важни функции во политичкиот живот на Македонија. Мирчев бил роден во Сливен, во 1942 година

*24 јули 2017 во Кадино отворен е за прв пат спортски објект со вештачка трева во нашата средина.








































