Населба Илинден, локалитет-старина„Барутници-Требеши“

0
289

                         

ПРЕЗЕМЕН-*Според кажувањето на постари жители од Илинден , на еден  километар јужно од Илинден, во месноста Требеши, постоело и село и барутана, која месното население, во секојдневната комуникација, ја нарекувала “Барутница”. Меѓу другото, за месноста ”Требеши” се знае и тоа дека таму, многу одамна постоело едно чивчиско село со 70 агалари и повеќе силни чифлик – сајбии. Тие, бидејќи биле силни и воено подготвени, ја откупиле целата тамошна земја, по што, според кажувањата на месното население, а кои се пренесувале од колено на колено насилно го раселиле македонското население од селото.

На просторот порано постоеја многу земјани извишување „тумби“место каде се правел барут,а и денес во многу мал број може да се види некоја од нив.

Инаку тој простор се до шеесетите години од минатиот век како општествен имот требеши беа беше пасиште за бројниот добиток од селото.Најголема грешка се направи кога сите општествени имоти се дадоа на управување на ЗИК „Скопско Поле“време во кое се направија најголемите злоупотреби со општествениот имот.Имено во тоа време довлно беше да купиш некоја парцела некаде околу блковите на комбинатотот во ридското подрачје и истото го смениш во плодната рамница,како што беше и овој простор.И, така по пат на меѓусебни замени се раскрчми целиот општествен имот не само овој ,туку и многу други во нашата средина.

Со цел да се добие порамна површина за обработка на имотот новите сопственици ги разурнаа -поравнаа тие возвишенија„Тумбите“ со што се избриша еден траг од историјата на овој локалитет.

 Се претпоставува дека, денешната територија на сегашната населба Илинден, била формирана од дел од преселените жители на месноста Требеши, додека помал дел се раселиле по околните селски населби. Ова може да се потврди и со искажувањето на Петре Аџиевски (90 г.во 2012г.), кој, сеќавајќи се за потеклото на својот род, кажува дека:”…пред да дојдат на денешна локација, нивната фамилија живеела во погоре споменатото село Требеши”. 

Најголемиот дел од населението од тогашното населление се приклучила на австриската војска во австриско-турската војна во 17 век ,а по напуштање на австриската војска на овие простори многу од дотогашните локални жители заминале со нив во другите краишта на тогашна австро-унгарска територија Војводина ,Славонија и други .Заминувањето на ова население било неминовно затоашто знаеле какви репресии ќе доживеат од турците ,затошто населението дала масовна подршка на австриската војска во судирот со турците.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-7 ЈУЛИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 ЈУЛИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука