Четири наши сограѓанки фудбалски репрезентативки на Македонија

0
307

Денес посебен осврт ќе нaправиме  за четири наши сограѓанки кои  настапуваат во разни фудбалски репрезентативни селекции и тоа:Ива Јосифова,Теа Божиновска,Ана Милчевска и Александра Марковска

-Ива Јосифова ,Фудбалската кариера ја започна во Фудбалска школа ГРОЗДАНОСКИ, на  тринаесет годишна возраст  Ива Јосифова стана член на Македонската Фудбаласка репрезентација.во селекција У-16,  која беше и капитен на репрезентацијата.

-Теа Божиновска Жител на Миладиновци-Илинден, Нејзините почетоци се во женската фудбалска екипа на ОУ,, Браќа Миладиновци”.Најголема заслуга за она што е Теа денес ја има нејзиниот наставник по физичко Дејан Димитриевиќ.Тој ја повикал да се приклучи во екипата на основното училиште, каде со него Теа има бројни успеси, меѓу кои 5 пати прваци на град Скопје и 3 пати освоено 3-то место во државно натпреварување.Потоа, на 13 години таа се приклучила на женската фудбалска школа Џи-Џи,предводена од Снежана Трпевска.

Настапуваше за Тиверија –Струмица.

Настапува за  повозрасната група У-19,зеде учество како стандарден играчи која пак, настапуваше исто така и на натпреварите на А-селекцијата на квалификациите за СП,и тоа во дуелите со најдобрата селекција на Казахстан и селекцијата на Северна Ирска.         

Ана Милчевска, Ана живее на Бунарџик- Илинден, По подолго време занимавање со Фристал Вештини со топка,Ана Милчевска продолжи активно да се занимава со фудбал ,денес игра за ЖФК Драгон. Во повозрасната група У-19,зеде учество како стандарден играч која пак, настапуваше исто така и на натпреварите на А-селекцијата на квалификациите за СП,и тоа во дуелите со најдобрата селекција на Казахстан и селекцијата на Северна Ирска.         

-Александра Марковска,живее во Миладиновци-Илинден  Искусната и стандардна првотимка на А-селекцијата имаше настап за А-репрезентацијата во натреварите за пласман на СП.

Александра настапуваше за повеќе клубови и тоа:
2011-2012 во Наше Такси
2о12-2013 во Билјанини Извори
2013-2014 во ЖФК Кочани
2014-2015 во ЖФК Драгон и
2015- во ЖФК Спартак-Србија
Интресно е тоа што речиси со сите погоре наведени клубови каде што настапувала Александра Марковска, во годините кога таа настапувала за нив тие го освојувале државното првенство.

На сите им посакуваме убави моменти, голем успех и победи на домашни и на меѓународни натпревари во екипното и репрезентативното натреварување, достоинствено и гордо да го носат државниот дрес и во најдобро светло да ја претстават нашата држава.

Претходниот артикал,Учителката Анче со своето одд.-1969
Следната статија16 Април 1945 г. кобен ден за многу семејства од Македонија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука