ЧУДЕСНА ВОДА ВО ГОВРЛЕВО

0
109


Чудесна вода има и од другата страна на Водно, кај селото Говрлево, на јужните падини на Водно и кое е многу познато по големото археолошко откритие, фигурата на Адам од Македонија. Тука е најдено и непознатото писмо кое е мошне слично на глаголицата, но кое с` уште не е дешифрирано, а тука е настаната и приказната за излекувањето на големиот римски император Јустинијан Први… Сега, некогашно село во кое имало многу куќи и народ, сега е спаднато на само три куќи и неколку жители. Сепак, во селото луѓето и натаму доаѓаат. Најмногу поради лековитите води што ги има околу неколкуте цркви кои тука постојат.

Најпознати се, секако, водите од црквичката која е посветена на светите Kозма и Дамјан, а која се наоѓа во подножјето на ридот, под археолошкиот локалитет, во близина на Долно Соње. Храмот е изграден пред осумдесетина години откако, според преданието, луѓето што живееле тука добиле предупредување дека таква лековита вода треба да се користи многу пополезно отколку дотогаш. Тогаш на еден од селаните му се сонило дека водата е лековита и дека треба да му се подигне храмот на светите Kозма и Дамјан, познати христијански светители кои ги лекувале луѓето без надомест.

Откако е направена, изворот на водата е сместен во внатрешноста на црквата. Ограден во форма на крст се наоѓа точно во олтарот, под фреска со мотиви, на кои се прикажани верници пред чудотворна вода.

Жителите на Говрлево раскажуваат за многу случаи во кои луѓе со мака заминувале среќни и насмеани. За излекувани мистериозни кожни болести, респираторни проблеми, проблеми со плодност, со видот и слично.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-10 АПРИЛ
Следната статијаДенеска е Лазарова сабота -Лазарицa

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука