Дел од топографски називи името го добиле според своето историско значење, додека дел, според легендите раскажувани за нив од страна на месното население во текот на изминатите историски времиња.
Така, според легендата, за топографскиот назив „Два Камења“ во Илинден се прераскажува дека на тоа место некогаш биле поставени два големи камења со кои се одбележало местото каде се формирало новото село во месноста „Врпче“ .
Откако е формирано селото „Врпче“ според кажувањата и тоа село е напуштено од голем извор вода која избила и го поплавила тоа село иако селаните пробале со гранки,слама,волна и друго да го затнат изворот.
Но, да се вратиме за прикаската како е формирано селото.
Местото каде што требало да се формира селото,наводно, прво било заорано со два вола близнаци, по што тука започнало да се доселува населението од претходно уништените заселци- помали села зафатено со епидемија од чума.
Инаку, во близината на месноста „Два Камња“ некогаш постоеле повеќе заселци и-помали села во месностите:„Барбарево“„Беско Ливадче“„Џабиица“и други, сведочат многу керамички пронајдоци, откопани бунари и патна калдрма и друго.
Овие два камења, според кажувањата на постарите жители во селото, имале еден вид мистично значење и биле доста почитувани од месното население, бидејќи владеело уверување дека тие се таму поставени за да го штитат новото село од разни болести и други природни непогоди.
Токму и затоа, според легендата, нив никој не смеел да ги допира или да ги земе и употреби за нешто.
Покрај тоа, и децата, кои што чувале добиток, посебно биле предупредувани да не дозволуваат добитокот да се чеша од двата камења.
Долги низ години се прераскажувала и една приказна за тоа дека некој селанец, кој не верувал во оваа легенда, ги откопал двата камења и си ги однел дома.
Меѓутоа, по кратко време и од непознати причини камењата повторно ги вратил и закопал на старото место. (Денес нема никаква трага од камењата)










































