Легенда за селотоТРПЕЈЦА

0
75

 Трпејца е старo повеќе од десет века. Една од легендите, вели дека името Трпејца доаѓа од зборот “трпеза”, зашто некогаш аџиите на пат за манастирот “Свети Наум” застанувале во селото и во чест на многуте монаси што живееле аскетски живот поставувале трпеза.

 Друга пак, зборува дека порано во селото се живеело толку сиромашно, што луѓето трпеле за леб и по неколку недели и токму по тоа трпење било крстено селото.

Заливот на прчот во Трпејца му бил познат уште на древниот Херодот, за кого македонските наколни населби претставувале инспирација, која проникнала низ бројни историски записи на Херодот.

Херодот, античкиот историчар, ги опишува овие македонски праисториски населби на колови, изградена над езерските води, како безбедни живеалишта, куќи кои се изградени од трска и кал, и имаат една дупка кон езерото, од каде било доволно само да се спушти сад во облик на кофа и да се нацрпат веднаш риби.

Селото се споменува во 1582 година под името Трпезица кога имало 50 христијански (македонски) куќи. Во овој период домаќинствата биле дервенџиски, а ова занимање (грижа околу безбедноста на патиштата) било задржано и во XVII век, кога крај селото минувал патот Охрид – Горица (Корча).

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука