Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот. Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги “прилепувале” своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво наслелба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп. Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како “прилебно место” (место каде што се прави леб). Според самиот Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка.










































