Што симболизира бадниковото гранче

0
85

Бадниковото гранче е симбол за дрвото кое го донеле овчарите и кое Јосиф го ставил во ладна пештера кога се родил Исус.

 Бадникот исто така претставува и дрво на Исус.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

Огнот кој се појавува со горењето на бадниковото гранче би требало да ни помогне и да донесе плодност, а според обичаите огнот не треба да се разгорува со дување.

Претходниот артикал,Свадба на Даре и Стојана
Следната статијаДевојчиња од Илинден -1967

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука