Глогот се смета за едно од најмоќните средства во одбраната од лошите и нечисти сили.
Поради тие свои својства, куќите често се китат со гранки од глог. Посебно опасен за вампирите е трнот од глогот, бидејќи ако се прободи со него – ќе се истури, и со тоа ќе биде погубен.
Глогот се употребува и како средство за баење. Од глогот, а посебно од црниот, се правеле амајлии во вид на крст, за заштита од лошите демони.
Глогот поради своите својства, се смета за сеновито дрво. На него се собираат демони кои се во можност да испраќаат болести.
Во народната медицина, меѓу другото, се користи при капење на болни, посебно на деца.
Во врелата вода се ставаат гранки од глог.