Некои мислат дека Бранков Мост во Белград е именуван по БРАНКО ЌОПИЌ,затоашто Бранко Ќопиќ кога првпат дошол во Белград во 1935 година, бидејќи не познавал никого во главниот град, ноќта ја поминал на една камена клупа под мостот Сава.
Токму од тој мост,еден кобен понеделник, 26 мај 1984, скокна на бетонот на Новоградскиот кеј.
Бранков Мост, многумина најмногу го паметат по Бранко Ќопиќ, мислејќи дека неговата судбина е виновна за името на мостот. Сепак, овој Савски мост е именуван по друг Бранко – Радичевиќ. Улицата Бранко Радичевиќ (Бранкова) води право кон Савски мост, а поранешниот Мост на Братството и Единство подоцна беше именуван по поетот Бранко Радичевиќ.
Во родниот крај на Бранко Ќопиќ постои и легенда дека самиот бил именуван по името на поетот Бранко Радичевиќ.










































