*Како занимливости досега Ве потсетивме за земјоделски култури кои се одгледуваа кај нас во Илинден и околните села , во минатото како: Коноп,Афион,Шекерна Трска и еве денес малку и за Памукот.
– Во минатото памукот како култура се одгледуваше во нашава средина,односно во Илинден и околните села.
Исто така памукот се одгледуваше и се уште може да се одгледува по долината на реката Вардар, Црна Река (реоните на Велес, Неготино, Кавадарци, Струмица, Богданци и Валандово) и Брегалница (реоните на Штип и Кочани). Во овие делови на Македонија има почвени а особено климатски услови за негово успешно одгледување, како и системи за наводнување.
Во Македонија интензивно почнува да се одгледува во периодот по Втората светска војна. Така во 1948 година во земјава имало 16.000 хектари со памук. Во доцните 60-ти и почетокот на 70-тите години на 20-от век, површините се намалиле на околу 10.000 хектари на кои се произведуваше 7.700 тони суров памук. Според агрономите Македонија има услови за повторно да го врати производството на памук.
Напомена :Памукот во многу наши средини го нарекуваат и „Бубаќ“








































