7.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

ООУ „РИСТО КРЛЕ“-КАДИНО

0
На фотографијата наставничкиот кадар од ООУ Ристо Крле и дел од техничкиот персонал во 2009 година.

Прослава на Патронат во ООУ „Гоце Делчев“

0
Фотографија од прославата на училишниот патронат при ООУ Гоце Делчев –населба Илинден во 1973 година. Училишната фолклорна секција изведе богата културно-забавна  програма пред присутните гости...

Душанка Крстевска со своето одделение

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден ,наставничката Душанка Крстевска со своето 5-то б одделение во 2008 година

Ацо Симоновски со своето 5-а одделение

0
ООУ „Гоце Делчев“-населба Илинден На фотографијата наставникот Ацо Симоновски со своето 5-а одделение фотографирани во 1971 година.

Фотографија од вработените во ООУ„Браќа Миладиновци“-Миладиновци

0
Во 2015 година училиштето ООУ „Браќа Миладиновци“ беше наградено со зелено знаме. Наградата е добиена за особена посветеност во работата со програмата Еко Училиште,за...

Учителката Илинка Ефтимова со своето 3-А одделение

0
ООУ „Гоце Делчев“-н.Илинден ,на фотографијата учителката Илинка Ефтимова со своето одделение во 1987 година.

Стара фотографија од ООУ „Браќа Миладиновци“

0
Фотографијата е извадок од еден документарец за ученички активности во училиштето ,запознавање со домашни активности во тоа време се изучуваше предметот ДОМАЌИНСТВО во 60-те...

Фотографија од патронат на ООУ„Виктор Бубањ“-Кадино

0
Изминативе 10 дена поминаа во одбележување на патронатот на ООУ „Ристо Крле“-Кадино и оваа фотографија е од прославувањето на патронатот на истото училиште кога...

Учителката Вера со своето 8-б одделение

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден, на фотографијата Учителката Вера со своето 8-б одделение во 1973 година

ООУ Гоце Делчев-н. Илинден

0
Фотографија од 8-А,1974/75 ,на која се само девојчињата од класот заедно со класниот раководител Љубе Бојковски и директорот Александар Младеновски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ