23.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Владо и Перса-1974

0
Фотографија од свадбата на Владо од Илинден и Перса од Јурумлери во 1974 година. На фотографијата покрај најблиските членови од семејствата на младите...

Свадба на Олга Тргачевска-Кадино

0
Фотографија од свадбата на Олга Тргачевска од Кадино, август 1969 година,која се омажи за Борче Трпчев од Чаир кој е од родот „Шарковци“ На фоторафија...

Свадбен обичај од Чешка

0
Свадбениот обичај од Чешка го објавуваме благодарејќи на Славка Атанасова,која влече корени од родот Велкови од Илинден ,а живее во Чешка. Кршење тањир -стар Чешки...

Фотографија од свадбена веселба во Пурчеви

0
Фотографија од некоја свадбена веселба во Пурчеви во 70-те години од минатиот век . На фотографијата Миле и Дафинка Ѓуровски ,кои се старосватови во...

Свадба на Марина и Цане-1979

0
Фотографија од свадбата на Марина Николовска од родот Аџиевци и Цане Димовски од Марино во 1979 година. На фотографијата се уште и мајката и братот...

Свадба на Веле и Зорка

0
Фотографија од свадбата на Веле Бошковски од родот Бејтовски и Зорка Софковска и двајцата од Илинден, во раните 70-те години

Свадба на Руди и Милица

0
Фотографијата од свадбата на Руди и Милица во 80-те години од минатиот век. Руди, потомок на Панче и Вида Велковски ,кој припаѓа на родот Најдови. Покрај...

Свадба на Саше и Марина

0
Фотографија од свадбата на Саше и Марина. Момент од нивната црковна венчавка во црквата Св.Цар Константин и Елена во населба Илинден-1996 година

Свадба на Катица и Лазо

0
Фотографија од свадбата на Катица и Лазо во 6о-те години од минатиот век ,највероватно пред земјотресот во 1963 . Инаку Катица произлегува од староседелскиот род...

Свадба на Марица Нацевска-1967

0
Фотографија од свадбата на Марица Нацевска ,фотографирана со нејзини другарки и роднини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ