По повод денешниот празник Св.Петка
Црква „Св. Петка“ – Црниче
Во скопско постојат многу црковни храмови посветени –изградени во чест на Св. Петка како во:Црниче,Драчево,Г. Коњари,Дивле,Цреѓево,Брезница и други.

Денес ќе Ви ја преставиме црквата Св. Петка -Црниче
Света Петка — македонска православна црква, која се наоѓа во скопската населба Црниче.
Овој храм бил подигнат и осветен во 1923година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година.
За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930).
Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3 септември 1923година.
По катастрофалниот земјотрес во 1963 година црквата била оштетена. При поправките од јужната и од северната страна таа е проширена со параклис, посветен на светите цареви и рамноапостоли Константин и Елена, а по извесно време од северната страна е дограден параклис, посветен на Света великомаченичка Недела.
Независно од црквата е подигната четирикатна октогонална камбанерија. Внатрешното декорирање на храмот, односно живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време, Димитар Папрадишки.









































