Никола Илиевски-Џиџи

0
737

НИКОЛА ИЛИЕВСКИ-ЏИЏИ ,поранешен фудбалер , денес фудбалски тренер,на сликава со својот помошник Бабунски .
Роден во 1954г.во Скопје, од пред 5 години живее во Илинден,населба Илинден е особено
почестена, што едно од поголемите спортски имиња од поново време, ја одбра нашата населба за свое место на живеење.
Како фудбалер од 1967 до 1987г. играл во многу македонски фудбалски прволигаши и тоа:ФК.Вардар од Скопје,ФК .Победа од Прилеп,ФК.Приштина од Приштина,и во ФК.Касторија во Грција .
Поседува PRO Licenca во Сараево.Завршил Виша тренерска школа во Белград ,а од 1988г. до денес како тренер работел во ФК.Вардар од Скопје,ФК. Победа од Прилеп ФК.Металург од Скопје,ФК.Булиш Балш од Албанија ,ФК.Цеље од Словенија,ФК.Рамника -Валцеа од Романија ,Бил главен тренер на младинската и сениорската фудбалска репрезентација на Македонија и главен тренер на репрезентацијата на Бангладеш.Во историјата на македонскиот фудбал го има постигнато најголемиот успех со македонската „А“репрезентација играјќи 2:2 со светската фудбалска велесила и колевка на фудбалот ,Англија .

А, денес според денешното соопштение нс ФК Кадино- Кадино ,го превзема тренерското место на нашиот второлигаш, ние му посакуваме успешна работа и успех на клубот

Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борис Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски – Џиџи
Фк Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер.

Претходниот артикал,Александра Јанев-ракомет
Следната статијаФросина Крстевска-ракомет

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука