Во околината на селото Девич,во Поречието видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули , каде се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка, сестра на јунакот Крале Марко.Длабоко во карпата, вгнездена е можеби една од најголемите пештери – пештерата Пешна.










































