За многу помлади скопјани можеби е
непознато дека низ Скопје тече река Серава
Серава , која тече во селото и населбата Радишани и се влева во Вардар од неговата лева страна, во Скопје.
Реката Серава настанува со составувањето на повеќе помали
речни текови како Љубанска Река, Побушка Река,
Турчевска Река, Мала Река и Љуботенска Река во подножјето на планината Скопска
Црна Гора.
Соѕидано корито минува покрај Бутел, Шуто Оризари и
се влева во реката Вардар кај Момин
Поток. Во минатото реката Серава течела и минувала
низ самиот град Скопје делејќи го
неговото централно градско јадро (стариот дел со маалата Топаана, Чаир, Гази
Баба и Старата скопска чаршија на два дела, влевајќи се во Вардар во близината на
денешната зграда на МАНУ. Во втората
половина на ХХ век по Скопскиот земјотрес од
1963 година, коритото на реката Серава низ градот Скопје било покриено и пополочено оставајќи преку подземни
канали дел од водата и денес да се влева на истото место кај зградата на МАНУ.
Во тоа време, долното течение на реката на потегот од населбата Бутел вештачки е пренасочено кон северозапад низ Визбеговското
Поле во долината на Момин Поток.
Должината на реката Серава изнесува е 21 километар, а
сливното подрачје зафаќа површина од 67 км².
Инаку реката Серава неколку пати сериозно го оштетила градот со повеќе поплави ,ама најголема била онаа од 23 август 1929 година.
Почнувачќи од 21:30 часот, па до зора на тој 23 август Скопје преживеоало една тешка катастрофа, Tогаш од околните ридови на Скопска Црна Гора. Налетот на водата толку бил страшен и катастрофален, додека за неполни два часа голем број на улици се претвориле во купови кал преку кои брзата вода која надоаѓала од „бесните“ горски потоци, рушела стотици куќи кои се наоѓале во водата. Спрема пресметките на Градежниот Одел на градот Скопје, 800 до 1000 куќи, дел биле срушени, а дел оштетени за секаква понатамошна употреба, каде била направена материјална штета од тогашни 50 милиони динари.
Во горното течение реката е позната и под името Радишанска или Радишка Река. Под
името Серава таа е позната само во градот Скопје.