Според одредени верувања, циклама е цвеќе – симбол на искреност, длабока љубов, сигурност и среќа.
На местата каде таа е поставена и се одгледува нема недоразбирања и зло туку баш напротив, компромис и разбирање, бидејќи според одредени древни верувања таа претставува симбол на смиреност и хармонија.

Цвета од почетокот на есента до касна пролет.
Цветовите на овој вид растение се со широк спектар на бои: бела, розова, црвена, виолетова или пак во две комбинации.

Цикламата е повеќегодишно растение – едно од најпопуларните зимски собни растенија.
Цикламата најдобро успева во студена просторија која не е премногу затоплена.
Во периодот на мирување во времето на пресадување, потребно да ја поставиме во просторија која не е премногу топла, но и да не се поставува на места каде може да замрзне.










































