17.8 C
Skopje
понеделник, април 13, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Трговија и Угостителство

Првите продавници за колонијална стока во Илинден биле отворени помеѓу двете светски војни , но биле затворени во 1941 година, непосредно по започнувањето на војната. По војната ,по формирањето на СРЗ, во 1948 година, во задружните простории се отвориле така наречените продавници –кооперации.Дури во 60-те години дошло до отварање на посовремени продавници на „Славија“од Скопје во поголемите села Илинден,Кадино,Миладиновци и други.
Денес на оваа територија постојат големи трговски компании и маркети ,а снабдувањето во ништо не се разликува од Скопје.
Угостителство како стопанска гранка долги години било на ниско ниво . Доколку имало некаков угостителски објект, тој бил мал и едноставен и претежно служел за собирање и дружење на месното население. Во почетокот, угостителските услуги се добивале во првите „Кооперации“ кои, покрај снабдувањето со основни прехранбени и други артикли, располагале и со билјард маси, каде бил служен пијалок и некое поедноставно јадење.
Прв најголем угостителско-туристички објект изграден во овој дел од поширокото подрачје на Скопје е хотелот „Белви“на почетокот од 70-те години од минатиот век ,а денес покрај него постојаат ушт 10-на големи туристичко-угостителски објекти.

„Мај-Маркет“современ трговски угостителски објект

0
Комплексот за снабдување и угостителство „МAJ MARKET“

Пилот прв угостителски објект – 1965

0
Прв современ угостителски објект шеесетите години од минатиот век „ПИЛОТ“,денес не ево функција .

Хотел Белви

0
Еден од најстарите хотелско угостителски објекти е хотелот "Белви". Хотелот бил изграден во 1969-1970 година и бил во сопственост на "Македонија турист", денес а.д....

Семкарница-1965

0
Семкарницата на Љубе Ристов ,беше лоцирана на место до денешната зграда на oпштина  Илинден,по извесно време се пресели кај училиштето Гоце Делчев .На сликата...

Прва современа продавница во Илинден- 1960

0
Прва современа продавница во Населба Илинден отворена од реномиранато трговско претпријатие „СЛАВИЈА“-Скопје ,отворена шеесетите години од минатиот век.На сликата продавачите Санде Георгиевски од Илинден...

Популарно