МАРИО ДИМИТРИЕВСКИ , ПО 5-ТИ ПАТ НАЈСРЕЌЕН

0
1702

Жителите на општина Илинден  масовно и свечано го одбележаа празникот Водици.
Осветување на водите на езерцето на хотелот Белви, го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“.
За фаќање на крстот учествуваа 50-та верници, а најсреќен меѓу нив беше и прв стигна до Богојавленскиот крст беше Марио Димитриевски, кој е редовен учесник на оваа манифестација .

 Марио,по 5 –ти пат  го фаќа светиот крст,а тоа се пред се должи на неговата физичка подготвеност и максимална концентрација на пратење на состојбата и оваа година му овозможи да биде среќникот кој го фати крстот.
Инаку манифестацијата беше масовно посетена од жители на Илинден и околината ,која се организираше по јубилеен 12-и пат. Како и во изминатите години за посетителите на манифестацијата беа обезбедени топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.

Oрганизатори на оваа манифестација се :Општина Илинден,Црковниот Храм Св. Константин и Елена и Хотел Белви.
Оваа манифестација во хотелот Белви започна во 2009 година ,а досегашни среќници кој го фатиле крстот се:
-2009г.Влатко Крушкаровски од населба Илинден
-2010 г.Боби Ангеловски од населба Илинден
-2011г Bojan Petrovski од населба Илинден
-2012г. Марио Димитриевски од населба Илинден
-2013г. Марио Димитриевски од населба Илинден
, 2014г. Марио Димитријевски од населба Илинден.
-2015г. Vlatko Kruskarovski од населба Илинден
-2016г. Aleksandar Caparод населба Илинден.
-2017 г.Димитријевски Марио од Населба Илинден.
-2018г. Филип Бошковски од Кадино
-2019 г. Дејан Ристовски од Марино.

-2020г. Марио Димитриевски од Илинден
Населба Илинден на овогодишниот среќник Марио Димитриевски  и сите други досегашни учесници кои го фатиле светиот крст ,како и на сите други кои учествувале ,им посакува добро здравје и среќа во животот.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 ЈАНУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 20 ЈАНУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука