На Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на некои им личел и на штрк) кој е составен од две природно споени карпи. Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка. Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците, а показатели за тоа се окилните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот кој е сериозно оштетен. Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација. Камената фигура во облик на слон во подножјето на Марковите кули е една од најатрактивните во низата карпести природни реткости на комплексот заштитен од државата и претендира да биде заштитена и од УНЕСКО. Висока е повеќе од осум и широка околу пет метри.










































